Вашето Здравје, Наш приоритет

Доколку се соочувате со континуирана нарушена здравствена состојба, намалена енергија, прекумерна или недоволна телесна тежина, имате желба за нова дневна мотивација, нов и ведар животен стил, сакате да бидете фит, енергични и свежи или целите кон одредени спортски или ‘’велнес’’ предизвици, тогаш уште веднаш кликнете ‘’закажи термин’’.
Со nutriVI добивате темелно персонализиран план на исхрана без да чувствувате дека сте на некаква ‘’диета’’, целосно сити и со вкусни, практични оброци прилагодени врз Вашиот начин на живот и работни обврски.  

Предводени сме од мисијата за создавање насмевки и вдахнување на долготрајна волја на нашите задоволни клиенти! Работиме на мисијата за зголемување на свеста за значењето на здравата исхрана преку едукација и примена.
Ја остваруваме мисијата да го сведиме на минимум консумирањето на процесуирана храна и навиката за седатенрен животен стил кои се презастапени во брзото време во кое живееме.

nutriVI club е основана  врз силната и јасна визија за подобрување на квалитетот на живот на нашите клиенти! Визијата не ни дозволува креирање мениа на исхрана за краткорочни цели, не ни дозволува  следење комерцијални патишта, визијата единствено нè води до максимално посветување за да оставиме долгорочни, непроменливи, позитивни траги во многу животи!

Темелен пристап: Анализа на телесен состав + план на исхрана

План на исхрана за регулација на телесна тежина

План на исхрана за регулација на здравствени состојби

План на исхрана за спортисти или рекреативци

План на исхрана за здрави животни навики

Ние сме тука

swipe left..

Client Logo
Александра Нанчев, 32 год / Гестациски дијабет Со двете раце потпишувам за Викторија и nutriVI club, ми помогна во најтешките моменти! ''

'' Кога нешто навистина е квалитетно, вреди за секоја пофалба. Во екот на најсилни ' те рестрикции поради короната, во 28 г.н. ми констатираа дијабет. Ендокринологија беше затворена за пациенти, а докторите во приватните болници баш тогаш беа на одмор. Некои други приватни клиники исто така не примаа нови пациенти. Целосно збунета и крајно исплашена немав поим што да правам. Среќа го најдов вистинскиот човек. Со нејзиниот план за исхрана успеав до крај на бременоста совршено да го регулирам шеќерот. Многумина ми викаа дека мора да почнам да јадам месо за полесно да го регулирам ама ете успеавме и без месо. Секој кој имал гестациски дијабет знае колку е тешко да се контролира. Освен тоа во бременоста нема време за експерименти, мора да се делува одма. Јас успеав без лекарства и само со исхрана да го ставам под контрола уште првиот ден. Сега и Симон нема никакви проблеми со грчеви иако велат дека децата родени со царски рез обавезно имаат грчеви. Навистина верувам дека во ова имаше удел и мојата исхрана. Со двете раце потпишувам за Викторија и nutriVI club, ми помогна во најтешките моменти! ''

Client Logo
Александра Петреска, 28 год / Стекнување навики за здрав животен стил ''Почнав да користам здрави намирници кои не ни знаев дека постојат ''

'' Се обратив во NutriVI Club кај Нутриционист Викторија Илиоска за да добијам персонализиран план на исхрана, со цел стекнување на поздрави навики во исхраната, одржување на телесна тежина и подобрување на општото здравје преку исхраната. Пред се многу ми се допадна пристапот на Викторија кон мене како клиент, нејзината професионалност и темелната анализа на мојот профил пред да го изработи планот на исхрана, кој е во согласност со моите потреби, одговара на моето работно време и на мојот животен стил. Оброците во планот се многу разновидни, нутритивно богати, се подготвуваат лесно и од намирници кои се лесно достапни. Доколку се придржувате кон планот, резултатите се неизбежни: повеќе енергија, поголема концентрација, подобар сон, чувство на свежина, лесно чувство на стомакот, а во исто време и ситост. Нашето поднебје изобилува со нутритивно богати намирници, а со помош на Викторија правилно ќе ги примените и ќе имате само позитивни резултати по вашето физичко и психичко здравје и општата благосостојба. ''

Client Logo
Љупчо Трајаноски, 27 год / Јога и животен стил ''Промени го твојот УМ, за да го промениш и телото"

'' Се обратив кај Нутриционист Викторија Илиоска, nutriVI club со цел да побарам план за исхрана со кој би добил дисциплина во исхраната, хармонизација на телото, како и регулирање на телесната тежина, заедно со спортски активности и Јога вежби. После секој тренинг самото тело има потреба од здрави оброци. Со здравите навики кои неминовно ќе ги добиете практикувајќи го планот за исхрана од nutriVI club, не само што ќе научите за многубројните вкусни комбинации кои постојат во кујната, туку и како да ја подготвувате храната здраво, ПРЕвкусно и безбедно. Без разлика која е целта на вашиот план, доколку се придржувате вистински кон планот и го вдишите со полни гради здравиот вкус, ќе ги добиете сите благодети на здравиот живот и здравите навики за природа, здравје, убавина и добар сон! ‘’ 🌍🌱

Client Logo
Ангела Шумкоска, 27год / Тироидна дисфукнција ''Уште по првиот месец од исхраната имав видливи резултати! Исхраната придонесе кон природна регулација на антителата и хормоните ''

''Поради намалена функција на тироидната жлезда, а нередовен прием на терапија добив низа симптоми поврзани со конкретната здравствена состојба. Како најистакнати симптоми можам да ги наведам зголемена телесна тежина за краток временски период, отеченост, брз замор, намалена енергија и сл. Матичниот лекар ми посочи дека е добро да се консултирам со нутриционист, па се поттикнав да ја контактирам Викторија-nutriVI Центар за Нутриционистички услуги, за да ми помогне во надминување на потешкотиите кои во моментот ги имав. Уште по првиот месец од исхраната, без користење на терапија, имав одлични и видливи резултати, односно исхраната придонесе кон регулација на антителата и хормоните поврзани со правилно функционирање на тироидната жлезда. Иако првичниот фокус со исхраната не ни беше намалување на телесната тежина, сепак здравиот начин на исхрана доведе до значително намалување на тежината и зголемување на енергијата. Морам да потенцирам дека намалувањето на телесната тежина беше единствено резултат на исхраната, бидејќи во тој период немав никаква физичка активност. Целиот процес за мене имаше едукативен карактер, дотолку повеќе што како лице кое не внесува месо во својата исхрана отсекогаш се соочував со голем предизвик при подготовка на разновидна и соодветно балансирана храна. Особено сум благодарна на сеопфатниот пристап, високото ниво на професионалност и посветеност во самата работа. Преку чести оброци со соодветно количество на храна и комбинација на намирници со високи нутритивни вредности имав супер резултати како во здравствената состојба, така и во однос на телесната тежина. Викторија не изработува само план на исхрана кој ќе има краткорочни резултати, едноставно е максимално фокусирана да Ве научи како да си посветите внимание себе си и на своето тело, преку исхрана прилагодена на вашиот начин на живот и функционирање. Топло ја препорачувам на секој што има има потреба од помош и поттик за промена на навики и вложување во себеси преку начинот на исхрана. ''